Sunday, April 3, 2011

„НАПУШТЕНИТЕ ЅИДОВИ“



Конча Пиркоска     

               Читањето на суптилно нијансираните графички “ар­те­факти” на Жи­­в­ко Прен­џов кои се артикулирани во проектот “На­пуш­те­ните ѕидови”, го во­дат набљудувачот по трагите на ис­то­ри­ја­та на една кон­кретна и интимно дожи­веана урбана и пејсзаж­на приказна. Зад ви­зуелната, ре­чиси ла­кон­ска нарација на фра­г­ментираните, руинирани и одвај препознатливи ѕидови на ста­­ро­градската ве­леш­ка архи­текту­ра, се крие  кри­тич­ки­от став на ав­то­рот. Тој е насочен пред се кон рамнодушниот,  ин­до­­­лен­тен од­нос на оп­штес­твото кон профа­ното архитектон­ско нас­лед­ство.
               Со прелис­тува­ње­то на графич­кото писмо, од секоја страница ги читаме нијансите на ностал­гич­­на­та испо­вест на ав­торот. Во пределите исполнети со осаменост и меланхолич­ност, ги препознаваме остатоците од личната интим­на при­каз­на за приказните на некогашниот дух на родниот град на ав­то­рот. Низ времен­ската дистанца, од својот дет­ски ракурс на наб­­љу­ду­вање и восприемање, Пренџов сака да ни  ја пре­несе само нему поз­натата и интензивно доживеаната рајска то­по­лош­ка зона. Со суп­­тил­ното, сфу­матирано колористичко ни­јан­си­рање, ќе се оби­де, низ фраг­ментацијата на архитектон­ски­те и пејсажни амбиенти, ис­то­времено да ја симулира и ар­хе­оло­ги­јата на отсонуваниот сон на нашето дет­­ство.
          Низ суптилното, лирско, речиси акварелско колорис­тич­­ко лавирање на гра­­фич­ките листови, авторот ги прелева нос­­талгичните тонови од стариот во новиот современ кон­текст. Низ процесот на восприемањето на пејзаж­ни­те или ур­ба­ни предели, се одвива еден вид визуелна трансформација на мор­фолошката структура. Со фрагментирањето на компо­зициската целост, мотивите во окото на набљу­ду­ва­чот се мо­ди­фицираат и се ема­нираат на рамниште на гестуалност или на рамниште на големиот знак. Овие знаци всушност реферираат на  археолкош­ки­те остатоци и имаат намера да ги акцен­тираат трагите од неко­гаш­ната уба­ви­­на на сегашните ру­ини­рани архи­текстонски ан­сам­бли.
               Це­лоста на иде­јата на авторот, во конкретните гра­фи­ки при­сус­твува во своето визуелно отсуство. Низ фрагмен­тар­нос­та таа се манифес­тира преку неманифестното, како нешто што се наоѓа зад зна­кот, не­ш­то што е не­ви­д­ливо во својата по­јав­­ност. Во таа би­нар­на опо­зиција ја пре­поз­наваме играта меѓу некогашното присуство и сегашното отсуство. Таа игра се ар­ти­кулира низ вибрациите на сфуматираните плохи и линии, низ  пол­ното и празното, вид­ли­вото и невидливото.
               Редуцираните форми и нивната ко­лорис­тич­кa изни­јан­си­рана игра има­ат намера да ја уки­­нат моно­то­ната слика и да ја по­тен­ци­раат динамиката на ком­пози­­циската структура на претставе­ните мо­тиви. Со остатоците од ѕидовите Пренџов се обидува да ја из­гра­ди архи­тек­турата на сопствените емо­ции кои ги синхро­ни­зира и ги идентификува со јукстапонирањето и прераспоре­ду­­ва­њето на различните еле­мен­ти во просторот на неговите ком­по­зиции. Со дифузното или сфуматирано тре­ти­рање на плохите, низ градирањето и прелевањето на боите,  на еден  софистициран на­чин ја гради и ја еманира атмо­сфе­рата на различните психо­лошки распо­ло­женија во композици­ите.  Во дла­бочините на немата, невидлива, лапидарна на­ра­­ција ко­ја е втисната во ѕи­довите, авторот го регистрира сце­на­риото на дес­труирањето на архитектонската традиција на не­говиот ро­ден град. Преку реактуализацијата на една историја за ис­то­ри­јата на распа­ѓа­њето на битието на маке­донската ку­ќа, всуш­ност авторот ја актуeлизи­ра и исто­ри­јата на индиви­ду­­­алното и на колективно паметење на архитектонската тради­ци­ја, но ис­то­­времено го проблематизира и прашањето за пос­тап­ното ис­чез­­ну­вање на македон­скиот културен иден­титет.

No comments:

Post a Comment